Во прв ред

“Фестивал на музика од светот” во Битола

Петтото издание на “Фестивал на музика од светот” оваа година ќе со одржи на 11-ти ноември во сабота во големата сала на Центар за култура Битола, со почеток во 20 часот. Во едновечерната програма подиумот ќе го поделат магичните јунаци на “Пенелопе Екс” и виртуозот на уд Раби Абу Калил со неговиот квинтет “Медитеран”.

Соработката помеѓу Никола Коџабашија, продуцент, композитор и пијанист, “Фолтин”, најдоброто од македонската “светска музика”, тапанарот Гоце Стевковски, хорнистот Емин Џијан и перкусионистот Марјан Станиќ созрева во приказната “Пенелопе Екс” (2011). Ова е албум на преплетени џез, трип хоп и класични теми со заразни ритми и невистинита атмосфера. Се користи со бурни моменти од Одисејата на Хомер, сета музичка интелегенција на морнарот Бранислав Николов, а карактеристичното пијано на Коџабашија провејува по едрата на “Пенелопе”.

Либанецот Раби Абу Калил е едно од најголемите светски имиња на џез музиката. Заедно со квинтетот “Медитеран” изградија временски мост од милениумски стариот арапски мелос до современата џез музика. Со својот хипнотичен инструмент Абу Калил ја носи рамнотежата меѓу сензуалноста и формата, средината помеѓу ориентот и медитеранот. Фестивалот е во организација на НУ Центар за култура Битола, а селектор на програмата на „фестивал на музика на светот“ е Оливер Јосифовски.

Автор на текстот: Томислав Спасовски

Можеби ќе ве интересира: