Културо

Филмот „Убиј ги прво децата” прикажан синоќа во киното „Мис Стон” во Прилеп (Фото)

Филмот „Убиј ги прво децата” под режисерка капа на Димитар Оровчанец, а под продуцентска капа на Атанас Ѓорѓиев и сценарист Александар Русјаков беше прикажан синоќа во прилепското кино „Мис Стон” во 19 часот. Продукцијата за филмот е на „Трис” и „ДМФ” филмс.

Сцените од филмот се снимани во Скопје (Центар), но има и сцени кои се снимани на Скопски рекорд. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Мартин Ѓорѓиоски, Миа Жиро, Стефан Спасов, Александар Ѓорѓиоски, Марко Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Анастас Тановски, Адриан Азири, Марија Јанчевска, Марина Поп Јанкова, Лео Поповиќ, Александар Микиќ и други. Имено, камерата за филмот е на Владимир Самоилосвски, Сашо Блажески е дизајнер на продукција, на Ина Чолак се костимите, Калина Игновска е одговорна за сценографијата, монтажата е на Софија Самоиловска, а додека пак музиката е на Игор Василев- Новоградска.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео, ја опишува содржината на филмот. Филмот имаше светска премиера на 30 филмски фестивали во Сараево и ширум Босна и Хергеговина, а го затвори и 45-то издание на Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера (ИНФФК) „Браќа Манаки“ што се одржа во Битола, а истиот е снимен годинава и првата премиера му беше на 16 август 2024 година.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: