Во прв ред

Милица Павловиќ го носи концертниот спектакл „ЛАВ“ во Скопје за Денот на вљубените (Фото)

Скопје ќе биде домаќин на вистински музички празник на 14-ти февруари, кога харизматичната Милица Павловиќ ќе одржи голем концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Овој настан е дел од нејзината турнеја „ЛАВ“, на која ја промовира својата најнова музика, но и ги изведува најголемите хитови што ја издигнаа во регионална ѕвезда.

На прес-конференцијата одржана денес 28-ми јануари, Милица, позната по својот беспрекорен стил, се појави во смело и провокативно модно издание, пленејќи ги присутните новинари со својот шарм и спонтаност. Таа најави три и пол часа исполнети со емоции, енергија и изненадувања за публиката.

„Скопје за мене е посебно место – доаѓам по најдоброто македонско вино, но и да ја почувствувам љубовта на оваа неверојатна публика. А можеби и да најдам некое симпатично момче Македонче!“, рече насмеано Милица, откривајќи ја својата блискост со македонската култура. Таа истакна дека е голем обожавател на Тоше Проески, Каролина, Калиопи и Влатко Стефановски, и дури ја отпеа српската верзија на хитот „Ледена“, во чест на Тоше.

За Денот на вљубените, Милица најавува посебна атмосфера – мешавина од љубов, музика и магија. Концертот ќе биде збогатен со специјални гости, едниот од Србија и едниот од Македонија, чиј идентитет останува тајна за публиката.

„Купете карти за вашите сакани и прославете ја љубовта заедно. А оние кои се соло, нека ја искористат оваа прилика за романтично изненадување – направете го првиот чекор!“, порача Милица, додавајќи дека вечерта ќе биде незаборавна за сите.

Концертот започнува во 20:30 часот. Публиката ќе има можност да ужива во спектакуларен настап кој ќе ја слави музиката, љубовта и страста што ги обединуваат сите.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: