Македонската пејачка дива Калиопи е принудена да откаже неколку планирани концерти и сите активности поврзани со нив откако е примена во болница поради влошување на здравствената состојба откако и бил дијагностициран камен во бубрег.
На нејзината Фејсбук фан страна членови на нејзиниот тим објавија дека поради здравствени проблеми предизвикани од силни бубрежни болки Калиопи е принудена да ги откаже сите активности и термини за концерт во Загреб закажан за 20-ти ноември. Нејзиниот тим информира дека Калиопи е под постојан медицински надзор и ја очекува операција.
“Калипи е под надзор на уролог и во следните неколку дена ќе биде подложена на ласерска операција за кршење на бубрежен камен”, се вели во информацијата објавена на социјалната мрежа. Сепак, пејачката не се откажала така лесно од својот настап и уживањето со хрватската публика. Како што наведуваа тимот, таа побарала, и покрај силните болки, со помош на лекарите да се најде начин да го одржи концеротот и да на ја изневери својата публика.
“Поради сета новонастаната ситуација Калиопи е во шок бидејќи со голема радост и со желба се подготвуваше за настапот пред хрватската публика. Нејзината прва реакција беше со помош од лекарите и надзор да одржи проба и концерт, што од страна на лекарите, нејзиниот менаџерски тим и продуцентот на концерот, Томислав Кашљевиќ не беше одобрено”, се вели во информацијата. Концертот ќе биде одложен до следниот слободен термин односно 18-ти февруари следната година. Поради ова ќе биде одложен и планираниот концерт во Скопје за декември.
Подготви: Редакција Музика24
