Магазин

По трет пат се одржа манифестацијата „13 Величествени“ во организација на Радио Пела (Фото)

По повод светскиот ден на радиото, 13-ти февруари и осумгодишнината од постоењето на Радио Пела од Прилеп, од страна на неговите сопственици и вработените беше одржана манифестацијата „13 Величествени“ на која беа доделени награди за медиумските највпечатливи личности во Прилеп за 2024 година. Манифестацијата се одржа синоќа во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Имено, гласањето за оваа манифестација се одржа на веб-порталот од Радио Пела, каде што гласале над 10.000 граѓани од цела Македонија, а најголем број гласови биле токму од прилепчани.

Елизабета Филипоска сопстевник на Радио Пела, вели дека манифестацијата „13 Величествени“ ја организираат по трет пат, а поводот и причината е да се даде значење на луѓето од Прилеп, зошто тие во 2024 година оставиле медиумски впечаток со својот личен ангажман и со својата професионалност за една поубава и подобра заедница.

„Манифестацијата „13 Величествени“ ја организираме по трет пат. Повод и причина е да му дадеме значење  на луѓето од нашиот град – Прилеп, затоа што тие во 2024 година за една подобра заедница допринесле со нивниот личен ангажман и со нивната професионалност. На манифестацијата избираме 13 величествени луѓе кои сметаме дека направиле нешто повеќе за заедницата и оставиле траен белег на истата. Начинот и изборот е според она што го објавуваат медиумите, а кога медиумите го забележуваат тоа, тогаш навистина треба да му дадеме на луѓето кои не опкружуваат. Драго ми е што вака голем број на луѓе имаат можност да ја проследат оваа манифестација“, вели Филипоска.

Филипоска исто така вели и дека прекин на манифестацијата имало за време на пандемијата од корона вирусот и верува дека истата ќе стане традиција и дека ќе биде како еден вид на прилепски оскари.

Гордана Цветаноска, главниот и одговорен уредник на Радио Пела вели дека локалните медиуми и нивните новинари многу се’ важни за локалните заедници во Македонија, а од Радио Пела сакаат со тоа да поттикнат за сите оние кои одлучуваат и кои сакаат понатаму да поттикнат развој на локалните медиуми како и дописништва дека медиумите и новинарите всушност се народниот глас.

„Манифестацијата „13 Величествени“ е зашто локалните медиуми и нивните дописници се многу важни за локалните заедници во Македонија. Со ова сакаме да поттикнеме за оние кои одлучуваат и сакаат понатаму да поттикнат развој на локалните медиуми и нивните дописништва зашто медиумите и новинарите се гласот на народот. Она што го забележале новинарите и го удостоиле за критика или пак, за пофалба тоа значи дека народот и јавноста го знае“, вели Цветаноска.

Во манифесатцијата учество како и награди зедоа повеќе лица, компании и здруженија кој со ангажманот допринеле за заедницата и го привлекле медиумското внимание. На манифестацијата имаше учесници од сите сфери на културата, економијата, спортот, новинарството, како и сфери од локалните заедници во Прилеп.

Инаку, Радио Пела со сигнал почна да зрачи на 13.02.2017 година на фреквенцијата од 96,8 FМ, а програмата е богата со музика каде се емитуваат хитови од балканската музичка сцена, а посебно внимание кај слушателите и публиката има програмата „Радио што се гледа“ која се емитува на социјалната мрежа Фејсбук, па покрај говорниот дел од страна на водителите, публиката има можност да ги види самите водители како и гостите во студиото, а има можност да го види и центарот на Прилеп благодарение на оваа посебно интересна радио програма. Радио Пела исто така по најсовремени стандарди од вештачката интелигенција подготвува и емитува вести со најважните локални случувања, и секојдневно емитува огласи и соопштенија како и рекламни спотови за фирми, компании и поединци.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Фото: Радио Пела

Можеби ќе ве интересира: