Културо

Манифестацијата „Љубов и вино“ во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

На 14.02.2025 година со почеток од 18:00 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи поетско музичката манифестација насловена како „Љубов и вино“, а истата ја реализираат НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Клубот на литературни творци од Прилеп.

Претседателката на Клубот на литературни творци од Прилеп вели дека манифестацијата стана традиција, а вечерта е посветена на љубовта и виното која веќе е традиција.

„Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, што стана веќе традиција. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св.Трифун и св.Валентајн, денот на вљубените“, вели Ристеска.

Инаку, на манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 25 поети од прилепскиот литературен клуб, а лирски музички звуци ќе презентираат ученици од ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: