Балканленд

Енрике Иглесијас се враќа на Балканот со спектакуларен концерт во Софија

По седум години исчекување, светската суперѕвезда Енрике Иглесијас повторно ќе ги воодушеви своите фанови на Балканот. На 20 септември 2025 година, стадионот „Васил Левски“ во Софија ќе биде домаќин на единствениот негов концерт во регионот ова лето – вечер исполнета со страст, енергија и најголемите хитови на легендарниот пејач.

Со повеќе од 180 милиони продадени албуми и рекордни 154 број еден хитови, Енрике продолжува да ги освојува срцата на милиони обожаватели ширум светот. Од емотивните балади како „Hero“, до заразните ритмови на „Bailando“ и „I Like It“, неговата музика обединува генерации и култури.

Билетите, по цена од 99 до 300 лева, прво ќе бидат достапни во претпродажба за членовите на Fest Club од 21 март во 10 часот, а масовната продажба започнува на 24 март преку TicketStation.bg.

Можеби ќе ве интересира: