Балканленд

24 Промо: Елена Велевска – “Гледај, ме гледај” (Видео)

Неодамна Ве информиравме и пишувавме за снимањето на новиот видео спот на познатата фолк пејачка Елена Велевска, а денес, ексклузивно во рубриката 24 Промо Ви го промовираме видеото за нејзината нова песна “Гледај, ме гледај”. Пред снимањето на спотот, Велевска ексклузивно за музичкот портал ја даде следната изјава:

“Оваа песна досега никој од моите колеги не ја има преработено, па затоа се одлучив да ја направам по мој ќејф, сакав да звучи како во златните времиња за македонската народна песна, за тоа се погрижи групата “Чардак” од Охрид. Знам дека ќе им се допадне на мојата публика. Оваа песна го залужува тоа, а јас и мојот тим се потрудивме да го направиме најдоброто”, изјави Велевска за Музика24.

Елена Велевска - нов видео спотВо спотот, освен познатата и секогаш убава фолк пејачка, своја улога има и бодибилдерот Гоце Мојсовски на кој што ова му претставува втор спот со Велевска. Спотот е во реализација на ЕВ продукција и ИН телевизија од Австралија. Во продолжение Ви предлагаме да го погледнете спотот и три минути да уживате во одличната песна и интересната приказна во видеото.

Elena Velevska Gledaj me gledaj

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: