Премиера

Ана Марија Шир: Од виола до синтесајзер – патување кон тајниот куклар (Видео)

Ана Марија Шир е многу повеќе од класична музичарка и виолистка – таа е авторка, продуцентка и уметничка визионерка. Нејзиниот „Таен куклар“ претставува музички лавиринт кој нè води далеку од нејзиниот стандардeн професионален свет и не нè пушта лесно. Нејзиниот втор, модерен музички универзум може да се опише како бунтовен – таа класичната музика ја заменува со современа поп култура, виолата ја остава настрана, а на сцената влегуваат синтесајзерите и уникатните вокали кои стануваат неразделен дел од нејзиниот нов израз.

„Мојот таен куклар“ е првата песна со која Ана Марија Шир, уметнички позната како Шир, им се приближува на пошироката публика надвор од светот на класичната музика. Својот талент веќе го потврди преку различни ремиксови за неколкумина хрватски музичари, а меѓу последните беше и ремиксот за песната „Добро е све“ на Натали Диздар. Со новиот проект, Шир ја подига летвицата уште повисоко, собирајќи врвни инструменталисти за да ѝ даде на музиката органски и жив звучен белег. На песната настапуваат Марио Клариќ на тапани и Дино Ивеља на бас гитара, додека Шир свири синтесајзери и MIDI-клавијатури, а истовремено ја потпишува музиката, текстот и продукцијата.

Šir feat.  N I K O L I N A - Moj Tajni Lutkar

Вокалот на песната го изведува Н И К О Л И Н А, односно, Николина Ковачевиќ позната по својата работа со групите Mayales, F5 и Dementronomes. Нејзиниот глас, неверојатно сличен на оној на Ана Марија Шир, совршено се вклопува во мистичната приказна за тајниот куклар. Во видеоспотот на Домогој Куниќ, идентитетот на пејачката останува скриен – гледаме само како Шир со страст музицира на синтесајзерите. Со тоа уште еднаш нè повлекува во својот таен свет, оставајќи ја виолата во куфер и целосно предавајќи се на својот таен куклар.

Можеби ќе ве интересира: