И сестрата на познатата Бритни Спирс ќе пропее, пишуваат светски медиуми. На само 22 години Џејми Лин Спирс реши да започне со сопствена музичка кариера и да појде по стапките на постарата сестра, па така неодамна во јавноста го претстави својот прв сингл насловен “How could i want more”. За разлика од својата сестра, нејзината најголема љубов е кантри музиката, иако многумина очекуваа таа да има иста или слична песна како оние кои сме навикнати да ги слушаме од Бритни.
А веднаш откако таа го промовираше синглот, го сними и видеото кое имете можност да го погледнете во продолжение.
Подготви: Александра Блажевска
