Две заводливи девојки кои се борат во кал, моторџии кои се обложуваат на една од нив и бенд во кој како тапанар се појавува Марко од тв емисијата “Тротоар” е дел од сценариото кое Томато продукција го изработи викендов за новиот видео запис на Next Time за истоимената нумера.
“Беше навистина жешко да се свири и да се гледаат две секси девојки како се борат во кал. Сценариото за овој спот е сосема поразлично од она што сме го работеле до сега и сигурни сме дека видеото ќе има рекордна гледаност. Мораме да им се заблагодариме и на моторџиите од клубот “Мечки” од Велес кои одлично ја одиграа својата улога”, изјавуваат Мартин и Стефан.
Песната “Next Time” се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст. Видео записот ќе биде промовиран пред новогодишните празници, после кои ќе излезе и новиот сингл на Next Time.
Подготви: Марија Поповска
