Имам нешто да те прашам

Ангелина Стојаноска: Обожавам да добивам подароци, но уште повеќе сакам кога подарувам!

Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува дочекот на Нова година?

Ангелина: Зима е мојот омилен годишен период. Наближувањето на Новата година го доживувам доста еуфорично, го обожавам ладното време, романтичните прошетки по крцкавиот снег, топлата облека особено модните accessories, капи и шалови, исто ме исполнува прекрасната глетка на градот која се карактеризира со безброј, улични светулки во сите бои.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?

Ангелина: Подготовките за Новата година кај мене се случуваат спонтано… Секогаш знае да ме привлече добар излог на некој бутик особено во новогодишниот период, па доколку нешто ми се допаѓа без размислување го купувам. Обожавам да добивам подароци, но уште повеќе сакам кога подарувам, а поклонот зависи од личноста за кој е наменет..

Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?

Ангелина: Новогодишната еуфорија ми го буди чувството на нов почеток, нови предизвици, цели, пријателства… кои ме поттикнуваат да бидам уште понетрпелива за годината која што следи.

Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш Новата 2013-та година?

Ангелина: Се уште не сме се одлучиле каде ќе бидеме за новогодишната ноќ, но дефинитивно за дочекот на 2013 ќе бидам во друштво на најблиските пријатели.

Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме дека е песна на годината?

Ангелина: За настан на годината без дилема би го одбрала “Макфест”, на кој настапував и јас… но не можам да се одлучам за песна на годината, бидејки секоја е посебна на свој начин… лично мене, песните кои ми ја одбележаа 2012 година се “Дожд и оган”, “Се ти е дозволено” и “Слаба на тебе”.

Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што ви сакала да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?

Ангелина: Планови, замисли и желби… имам многу. Но сега би издвоила само една… Во 2013-та сакам да издадам музички албум!

Музика24: Што би им посакала во новата 2013-та година на нашите Музика24 интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?

Ангелина: Им посакувам да сакаат и да бидат сакани, нема ништо поубаво од тоа, исто така со нив сакам да ја споделам мојата омилена мисла од Марк Твен која гласи вака: “Дај му шанса на секој нов ден да биде најубавиот во твојот живот”.

Интервјуто го подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: