Културо

Унгарската култура и традиција оживеаја на платото пред прилепската публика (фото)

 Синоќа на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прлеп со почеток од 19:30 часот се одржа традиционалната Вечер на унгарска музика, а покрај музиката беа претставени унгарската култура, традиција и фолклор.

    На оваа традиционална вечер на Унаграска култура во Прилеп настапуваа оркестарот „Рофажа“ и Културниот ансамбл „Коња“.

    „Рофажа“ и „Коња“ пред прилепската публика ги покажаа традиционалните унгарски танци, ора и песни, а секако неизбежен дел беше кога членовите на „Коња“ почнаа да танцуваат заедно со публиката.

    Оркестарот „Рофажа“ од Сента и околината постои од 2024 година и го сочинуваат млади музичари, кои досега освоиле повеќе награди и настапувале на бројни фестивали и манифестации во Србија и Унгарија. Со менторите Ѓула Јухас и Ласло Штербик, оркестарот го негува и претставува традиционалниот музички фолклор од различни етнографски области на Карпатскиот Басен.

 Фолклорниот ансамбл „Коња“ од Бачка Фекетиќ постои од 1996 година и го сочинуваат средношколци и студенти посветени на унгарските народни танци и музика. Ансамблот има освоено повеќе златни награди и настапува со автентични кореографии и танцови претстави од различни етнографски области.

    Вечерта на Унгарската култура во Прилеп е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“, а истата се одржува повеќе години наназад со исклучок на годината 2020 кога владееше пандемијата со Ковид 19 и кога оваа вечер не беше одржана.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: