Магазин

Мото фестивал „Росови“ во Прилеп (фото галерија)

Синоќа во централното градско подрачје, на плоштадот „Арт“ во Прилеп се одржа традиционалноиот фестивал на повеќе видови мотори, мото фестивалот „Рисови“.

Од изложба на мототри, преку добра музика и забава до мото спектакл Прилеп синоќа живееше во духот на мото фестивалот „Рисови’’ за 2026 година.

Музички настапи на фестивалот имаа ДЈ Биџо, српската музичка група „Hound Dogs“ и „Бело копче’’ со препев на познатите песни на „Бјело дугме“.

Имено, мото фестивалот „Рисови“ 2026 во Прилеп беше поддржан од повеќе компании, а на истиот ученици од сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко’’ на посетителите им делеа флаери со сообраќајни совети кои ќе им послижат за нивната безбедност и здравје во сообраќајот.

Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: