Фестивали

Берово се подготвува за манифестацијата „Малешевијата на дланка“ и фестивалот „Етно плоштад“ (Фото)

Берово овој продолжен викенд (од 27 август до 29 август) ќе биде центарот на големите музички случувања, забава и многу адреналин. Како и изминативе години, така и оваа за време на празникот Голема Богородица во Берово традиционално се подготвува и одржува манифестацијата „Малешевијата на дланка“ и фестивалот „Етно плоштад“.

Беровчани, а и посетители од целиот регион и Македонија ќе имаат можност да вкусат од убавите и традиционални пчелни и млечни производи од манифестацијата „Малешевијата на дланка“, а ќе уживаат со музичкиот дел на фестивалот „Етно плоштад“.

На овој фестивал Гоца Тржан, Пеѓа Јовановиќ, Културно уметнички друштва, Игор Димовски со неговата „Пауза за ракија“ се само дел од изведувачите кои ќе настапат на фестивалот „Етно плоштад“ годинава во Берово.

Една интересна можност да отидете во Берово и да уживате овој продолжен викенд со манифестацијата „Малешевијата на дланка“ и фестивалот „Етно плоштад’’.

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: