Премиера

Северина со ново видео “Узбуна” (Видео)

Вчера точно на пладне, познатата хрватска поп пејачка Северина на својот фејсбук профил го објави премиерно својот најнов видео спот за песната “Узбуна”, песна која всушност е последна песна на нејзиниот нов албум.

“Мислам дека ќе можете да уживате во студените денови гледајќи го спотот исто колку што јас уживав при неговото снимање”, напиша Северина на својот Фејсбук профил. Автори на песната се Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, кои се и автори на повеќето песни во новиот албум.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: