Covers

Слободан Пајдаков: Не можам да не пеам од душа (Видео)

Македонија е земја каде што за наша среќа имаме многу музички теленти, некои од нив успеваат и ги гледаме на тв, а некои пак од нив иако успешно, сепак функционираат анонимно. Вртејќи низ музичкиот интернет канал YouTube, забележавме едно момче кое што само со гитара, микрофон и својот талент има изведба како некоја од познатите светски ѕвезди.

И иако ветивме дека овој пат на Музика24 нема да промовираме ново печени мамини и татини, или нови таканаречени ѕвезди… сепак, тука ни најмналку не станува збор за нешто такво. Вели дека се занимава со музика од мали години, поточно од 15 години, живее во Стојаково-Богданци, апсолвент е на Машинскиот факултет во Скопје, а истовремено и сопственик на сопствено кафуле. Станува збор за Слободан Пајдаков, богданчанец чија секојдневна преокупација му е музиката.

“Омилена музика ми е хард рокот, рокот, поп/рок и се она што е отсвирено и отпеано од душа”, вели тој. “Свирам гитара, бас гитара, усна хармоника, имам бенд кој се вика “Корени” со кој свириме хард рок каде што сум вокал и басист”, додава Слободан.

“Моментално свирам со Наталија Данаилова (една од попознатите девојки од првиот македонски идол), но со неа свирам акустика, два вокала со мојата акустична гитара”, продолжува Слободан. Фолк музиката, незнаеме зошто, но не му е најслаба страна, и доколку би платен за тоа тој ни во таа ситуација не би сакал да отсвирни фолк: “Не е се во парите, неможам да пеам од душа. Фолкот не е моја гранка”, додава тој за фолк музиката.

Тој додека со своите најблиски ќе ја прославува Новата 2013-та година во своето кафуле “Guitar”, ние му посакуваме уште многу вакви ковери на YouTube, многу интернет посети и се разбира, остварување на наголемиот сон, снимање песна во 2013-та.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: