Covers

24 Covers: Virtual Complex – “Far Away” (Nickelback)

Кој вели дека Македонија нема таленти?! Тоа може да го кажат само тие што се нестручни и оние кои сакаат да бидат на нивно место. Денеска Ви претставуваме уште еден нов ковер, а овој пат станува збор за рок-поп бендот кој ни доаѓа од Македонска Каменица и кој што, како што и самите велат, жарат и палат низ цела источна Македонија.

Ви ги претставуваме “Virtual Complex”, бендот кој што ја преработи и сними во своја акустична верзија познатата “Far Away” од светски популарниот рок бенд “Nickelback”. Чест и задоволство ни е да Ви ги преставиме, а како тие звучат… преслушајте и погледнете во продолжение.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: