Досега Ви пишувавме за разно разни ковери кои ги снимаат нашите надежни нови и веќе докажани музички ѕвезди, но ова што денес ќе Ви го презентираме е нешто што едноставно може да се каже дека е совршено, прекрасно и нешто од каде што треба само да се учи. Станува збор за нашата позната певица Весна Гиновска Илкова, која во една прилика имаше можност да ја изведе одличната композиција “Skyfall” отпеана од светски познатата Адел, а наменета за новото продолжение на играниот филм “007 James Bond”.
Како звучи оваа прекрасна композиција во изведба на нашата позната Весна Гиновска Илкова, слушнете во продолжение.
Подготви: Ангела Трајковска
