Алекса Перовиќ утре на “X Factor” ќе има многу интересен настап со што ке се открие уште еден негов талент. Тема на шестата емисија на “X Factor”, како што веќе пишувавме е: “Познати хитови од филмови и серии”, кој некогаш, а и сега сме ги слушале и слушаме, воедно самите натпреварувачи ќе имаат можност сето тоа да ни го доближат колку е можно на уникатен начин. Младиот краљевачанец одлучи да биде оригинален, па затоа сакаше да биде сето тоа изненадување.
“Незнам колку ви е познато од ваша страна, но јас покрај пеењето, сценската изведба и компонирањето се занимавам и по малку со глума, но и поезија” изјави Алекса ексклузивно за Музика24. А како доказ на неговата изјава ни откри информација дека пред три години освоил прво место на Општинско ниво за негова лична поезија. Сепак пред се ако сакате да го видите изненадувањето од страна на Алекса останете утре пред малите екрани во 21 часот и веруваме ќе биде многу интересно и ќе има што да се види.
Подготви: Редакција Музика24
