World Music

Пако де Лусија замина во легендите

Оригинален и поразличен од другите уметници во изведбите на славната “Фламенко” музика каде ширеше огромна позитивна енергија со многу љубов во неа. Денеска на 66 годишна возраст почина големиот уметник кој значеше синоним за шпанската изведба од кој можеа сите многу да научат посебно тие што беа во близок контакт со него како соработници така и пријатели од кој многу познати гитаристот Џон Меклафлин, Лери Коријел и Ал Ди Меол, како и пејачот Брајан Адамс, со кој соработуваше на музиката за филмот “Don Huan de Marko”, потоа познатиот пијанист Чик Корија и многу славни личности.

Зад себе остави голема трага и во класичната музика како што е случај со многуте обработки на класични дела во шпански стил, но секогаш доследен на своите корени. И ако за некој од музичарите беше “страв за почит”, за другите беше вистинска прилика да се дознае за големата култура на Шпанија, бидејќи единствена “лична карта” за својата земја е музиката.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: