“Така се работи тоа”, им посочи балканската дива Лепа Брена која пред почетокот на самиот настан имаше упатувано закани за одложување на концертот со причина дека не е пожелна во Хрватска. Полни три часа хрватската публика пееше без пауза меѓу кои и “Уџи слободно”, па се до последните како “Хајде да се волимо”, и како шлаг на сето тоа пејачката на крајот ги изненади со странска изведба од Битлси “All you need is love”.
Многумина концертот го доживеа емотивно, а некој дури и беа возбудени од среќа што беа блиску со Лепа Брена. А како “кулминација” на сето тоа беше песната “Југословенка” која едноставно ги фрли во транс. Но не би била Брена тоа што е ако не отпее и некој дует од познатата фолк естрада, па така на задоволство на публиката и на изведувачот кој ја пееше песната “Један дан живота”, беше вистинска прилика да се слушне како звучи изведбата.
Подготви: Редакција Музика24
