Музика24 денес во рубриката 24 Covers ќе Ви ја претстави словенската музичка група Perpetuum Jazzile која што е основана далечната 1983-та година под името Gaudeamus Chamber Choir. На самиот почеток, групата се состоела од две женски и двајца машки пејачи, но со текот на времето истата се ширела и надоградувала и денес истата има 0д 30-50 вокални изведувачи на акапели.
Низ светот се смета како една од најспектакуларните и најголеми вокални групи. Оваа вокална музичка група е омилена поради силните ритмови, богатата хармонија, неспоредливата креативност и мешањето на поп, џез, госпел, блуз, бразилска боса нова, диско и фанк. Неодамна на еден од мноштвото концерти кои тие ги имаат, ја изведоа македонската народна песна “Јовано, Јованке” во само за нив впечатлив стил.
Како тие звучеа погледнете во продолжение, а за сите Вас кои имате можност и сакате да ги посетите на концерт и лично да ги слушнете, на 17-ти март во Загреб во концертната дворана Ватрослав Лисински, тие ќе имаат цвој концерт, во склоп на славеничката концертна турнеја по повод 30 години од нивното постоење.
Подготви: Андреја Андреевиќ
