Како што предвидуваа некои таканаречени пророштва, кои денес за среќа не се остварија, денес не беше крајот на светот тука сме сите здрави и живи, но затоа пак познатиот PSY со својот заразен “Gangnam style” дојде до милијарда прегледи на музичкиот интернет канал YouTube. Светските медиуми уште кон крајот на ноември пишуваа дека овој спот го надмина огромниот хит на Џастин Бибер “Baby” кој во тоа време беше најгледаното видео во историјата на овој музички канал.
Како и да е, заразната игра и гангам стајлот не ги одмина ни познатите, туку и тие заиграа во тој ритам меѓу нив беа и Бан Ки Мун, Борис Џорџ градоначакникот на Лондон, како и претседателот на САД Барак Обама.
Подготви: Редакција Музика24
