Штип, градот под Исарот по 28-ми пат ќе биде домаќин на “Макфест”. Фестивалот на забавни мелодии, “Макфест” ќе се одржи на 11-ти и 12-ти октомври оваа година под штипска организација. Да, убаво прочитавте оваа година ќе трае само два дена.
На 11-ти ќе се промовираат 20 композици, од кои 10 ќе се пласираат во финале. На 12-ти е финалето во кое ќе учествуваат 10 песни од претходната вечер и 10 нови песни од афирмирани автори. Конкурсот е веќе распишан и сите заинтересирани кои имаат желба да земат учество, можат да ги пратат своите композиции најдоцна до 10-ти јуни. Композициите треба да бидат во стилот на евергрин шлагер, а текстовите на литературен македонски јазик.
Градоначалникот на град Штип, прим. м-р Илчо Захариев на денешната прес конференција откри дека и овој пат главен покровител е општина Штип, која за овој музички настан ќе издвои три милиони денари од својот буџет. Уште една новост е дека уметничкиот директор на фестивалот оваа година ќе е Драган Мијалковски. Организацијата ќе се потруди на “Макфест” да се врати сјајот и автентичноста, колку ќе се успее во тоа останува да видиме во иднина. Со повеќе детали ќе бидете навремено известени.
Од Штип за Музика24 известува: Сања Неткова
