World Music

Доделени Билборд наградите, Тејлор Свифт освои најмногу

Американската денс пејачка, Тејлор Свифт, во неделата освои најмногу од музичките награди на Билборд, осум од вкупно единаесет во оваа категорија, вклучително и наградата за најдобар женски изведувач и за најдобар албум “Red”. На доделувањето на наградите во Лас Вегас, Тејлор Свифт го изведе својот хит “22”.

“Вие сте мојата најдолга и најдобра љубовна врска која некогаш сум ја имала”, и рече Свифт на публиката. Џастин Бибер, кој на доделувањето ја изведе својата песна “Take You”, доби три награди, за најдобар машки изведувач, за друштвено одговорен музичар и за миленик на публиката.

Во другите категории, групата Марун 5, која имаше единаесет номинации, освои само една награда. Пејачките Ријана и Готи добија секоја по четири награди во своите категории. Ники Минај ја освои првата награда Билборд за најдобар рап уметник. Принс доби награда за животно дело, додека Мадона доби награда за најдобар уметник на турнеја, уметник-танчер и денс албум МДНА. Доделувањето на наградите беше во MGM Гранд Арена во Лас Вегас, а церемонијата ја пренесуваше американската телевизиска мрежа ABC.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: