World Music

Аврил Лавињ се венча со фронтменот на групата “Nickleback” – Чад Крогер

Аврил Лавињ и Чад Крогер се венчале пред неколку дена. За својата втора венчавка пејачката избрала црн фустан како и црни рози. Готичка но гламурозна. Таква била венчавката на канадскиот пар рокери Аврил Лавињ и фронтменот на групата “Nickleback” Чад Крогер. Поп-панк пејачката раскажала дека денот на свадбата бил посебен.

Тие се венчале во замок покрај Кан на југот на Франција. Моментално биле на меден месец во Италија, и уживале во сонцето и морето. И Аврил и Чад веќе имале по еден брак зад себе. Аврил била и во сериозна врска со полубратот на Ким Кардашиан, Броди Џенер, но прекинале минатата година кога и ја почнала врската со Чад.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: