Дали се сеќавате на легендарната “Лага и измама”, песна која што во деведесетите беше голем хит, а истата беше изведена од Венко Серафимов и Мики Јовановски – Џафер? Оваа песна младиот и веќе докажан поп пејач Мартинијан Кириловски заедно со своите соработници ја преработи, односно сними акустична ковер верзија за истата.
За да звучи онака како што звучи, професионално и светски, се погрижи младиот продуцент Лоранд Јашари, додека пак видеото кое што ќе го погледнете во продолжение е дело на Марко Димитриевски. Ова е уште еден од многуте докази дека сепак и покрај многу поминати години, некоја песна која е хит, останува засекогаш хит. Уживајте!
Подготви: Редакција Музика24
