Covers

“Carusso” во изведба на Коста Костоски (Аудио)

Како што ви ветивме претходниот пат кога ја најавивме најновата ковер изведба на младиот поп изведувач Коста Костоски, премиерно на нашиот музички портал ќе ви ја преставиме познатата нумера од реномираниот светски изведувач Павароти која носи наслов “Carusso”. Не случајно е избрана оваа композиција, бидејќи како што знаеме Коста Костоски студира на Музичката академија во Скопје на отсек соло пеење, па затоа со голем ентузијазам и желба, но и моќ ја изведе оваа мошне не толку лесна песна која за некој би била и голем залак.

“Оваа композиција ми е најдрага и секој пат кога сум послободен си ја пеам за душа секако дека е голем залак за мене, но сепак кога нешто ти е драго се разбира дека со леснотија може да се постигне посакуваниот врв во изведбата”, изјави Коста.

Она што е најново, а ни го откри за нашиот портал е започнувањето на неговата прва песна за кој неговите фанови ќе откријат за што точно станува збор. А до тогаш ве оставаме да уживате во извонредната изведба на поп пејачот Коста Костоски.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: