Денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп беше отворен фестивалот на медот за оваа 2026 година.

Фестивалот традиционално секоја година се одржува во месец октомври, а годинава истиот е дел од чествувањата за празникот 11 Октомври во Прилеп.

Имено, на фестивалот има разовиден избор на мед, медни производи како и пчелни производи, повеќе пчелари имаат штандови на истиот, а фестивалот завршува во сабота на 10 Октомври.



Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
