По повод 85 години од почетокот на Народното востание на македонскиот народ како дел од центалните чествувања на самиот ден 11 Октомври (недела) на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп концерт ќе одржи музичката ѕвезда која што во моментов е едена од најактуелните, а тоа е Христијан Настески надалеку познат и прочуен како Пајак.
Концертот е со почеток од 18:00 часот, а публиката ќе има можност да ужива во убавите рефрени на „Бела“, „Магија“, „Москва“, „Допамин“ , „Ризик“, „Намерно“ и многу други.
Имено, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги покани граѓаните на Македонија на 11 Октомври да бидат во Прилеп и да уживаат во празничната атмосфера.
„Ги поканувам сите граѓани на Република Македонија – повелете во Прилеп и бидете дел од празничната атмосфера! 85 години историја. 85 години паметење. 85 години гордост. Прилеп – Град херој!“-напиша Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп на социјалните мрежи.
Инаку, на 11 Октомври (недела) покрај концертот на Пајак ќе се одржи и традиционалното автомобилско шоу Tunin car show, Крводарителска акција од 11 до 14 часот во просториите на Црвениот крст во Прилеп како и положување на свежо цвеќе на споем обележјата во Прилеп.
Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
