Музичкиот портал Музика24 оваа година ја заокружува со неколку новогодишни кратки интервјуа, со интересни, но сепак сериозни прашања. Прашавме многумина, но оние кои што ни одговорија ќе имате можност токму денес 31-ви декември неколку часа пред новата 2021-ва година да ги прочитате и воедно да се забавувате со истите, знаејќи дека повеќето ов Вас дочекот на Новата година ќе биде во домашна адмосфера.
Прво од многуте кратки и новогодишни интервјуа падна на Лени Партикова, позната македонска пејачка. Таа зад себе има богата музичка кариера, голем број на познати хит песни, како и голем број на освоени награди на фестивали во Македонија.
Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што за само неколку часа ќе биде наше минато?
Лени Партикова: Ако речам дека беше убава година, ќе излажам. Ова со вирусот не погоди сите, и ни остави многу работи во животот за подоцна. Но јас сум секогаш оптимист, и девојка со многу позитивна енергија и мисла. Искрено сакам да заврши што побрзо оваа 2020-та да ја испратиме во неповрат.

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на оваа година и Ви остави посебен впечаток?
Лени Партикова: Јас не престанав да пеам. И покрај се она што се случуваше на глобално ниво годинава, јас настапив на “Гоце фест 2020” со дуетската песна “Ајде Македонијо” заедно со мојот колега Раде Младеновски која ја освои втората награда од стручното жири. А за неа се потпишани Благоја Здравковски, Пеце Здравковски, Славко Ристески. Добив признание и комплименти на “Евро Фест 2020” за баладата “Кажи ми каде да те најдам” која беше изведена и наградена на “Охрид фест 2019”, во продукција на “Студио Кактус” на Горан Милошески, на текст од Огнен Неделковски. Настапив со истиот тим и на “Роса Фест 2020” со преубава песна со наслов “Знам”. Музиката е мојот живот и ништо неможе да ми застане на тој пат. Со три мои убави песни ќе може да уживате за новогодишните празници, “Ветени од малечки до големи”, “Сенки две во ноќта” и “Знам” со кој бев поканета и се направени преубави видеа во студиото на ИН ТВ благодарени на Ване Петковски, каде за мојот стајлинг и шминка се погрижи прекрасната Ива Ѓошиќ веќе докажана и барана од многу наши колеги, која е исто толку успешна и во пеењето како солист во “Танец”.
Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?
Лени Партикова: Во 2020-ра имавме навистина убави песни кој се хитови и кој засекогаш ќе останат запаметени како такви. Јас би го одвоила преубавиот хит “Ти си ми се” на нашиот прекрасен вокал Орде Неделковски и Група “Круна”, зад која стои еден ценет и почитуван музичар и хитмејкер Флори Манев Ескобар, со кој и јас ќе имам чест да ви најавам дека во новата 2021, ќе излезе мојот нов албум кој ќе изобилува со песни во различни стилови, зад кој ќе стои студио “Ескобар” – Штутгарт, Германија. Во најава е веќе за многу скоро мојата прва песна од албумот со наслов “Дива”.

Музика24: Што би си посакале себе си, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?
Лени Партикова: Посакувам многу здравје, љубов и среќа во новата 2021. Да се избориме сите со секое зло, и да успееме за поубави денови кои не чекаат со многу радост, убави мигови, и мнооогу музика. Музика24 да сте ми здрави и весели и да бидете со нас секогаш, прекрасни сте ви благодарам што постоите. Среќна нова 2021 година!
Подготви: Редакција Музика24
