Имам нешто да те прашам

Андријана Јаневска: Посакувам во 2021 година да пееме и свириме без маски (Фото)

Таа е позната македонска поп пејачка. Зад себе има голем број на хитови, но исто така и дуети кои верувајте уште многу генерации ќе ги слушаат. Препознатлива е по својата скромност, емотивност… препознатлива е по тоа што која и песна да ја испее со својот глас, тој станува хит. Таа е една од ретките македонски пејачки на македонската забавна музичка сцена која знае кога е време која песна да ја отпее.

Андријана Јаневска во нашето кратко новогодишно интервју…

Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што за само неколку часа ќе биде наше минато?

Андријана Јаневска: За жал, доминираше пандемијата, издразувам длабоко сочувство на сите оние кои загубија некој близок во борба со вирусот.

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на оваа година и Ви остави посебен впечаток?

Андријана Јаневска: Да, положив за А категорија и си купив мотор Honda CBF 600.

Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?

Андријана Јаневска: Секоја песна е убава на свој начин, знам дека колегите и во ова тешко време твореа и тоа е за почит.

Музика24: Што би си посакале себе си, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?

Андријана Јаневска: Посакувам следната година да пееме и свириме без маски! Посакувам пред се здравје, затоа што изминатата 2020-та ни покажа колку е тоа важно. На сите Ваши читатели им посакувам Среќна Нова 2021 година и Среќен Божиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: