Таа е родена во почетокот на најстудениот месец во година, 3-ти јануари. Во хороскоп е јарец, а тоа значи дека станува збор за многу упорна личност кога знае што сака и сака му се посветува комплетно. Таа е продуцент, композитор, автор на многу музички дела како и добар текстописец. 2023-та ќе ја памети по убави и позитивни нешта во животот, а ужива во предновогодишната еуфорија. Сака луѓето да ги прави среќни, а искрено се сомнева во постоењето на Дедо Мраз.
Почитувани, во денешното новогодишно интервју Стефанија Милевска Враниќ… Уживајте!
Музика24: Кон крајот од уште една интересна година редно е да сублимираме по што ќе ја паметиме… За волја на вистината поминавме кризи, инфлации, замрзнување-одмрзнување на цени, протести, но имаше и убави моменти, музички фестивали, нови хитови, убави и интересни концерти… Што Ви остана како белег, сеќавање на 2023-та година?
Стефанија Милевска Враниќ: Јас лично сум многу поврзана со бројот 23, па оваа година 2023-та воопшто не ме изневери. Ќе ја помнам по подготовките и радоста за нашата свадба со Владимир, која ја правевме во Србија. По промоцијата на долгоочекуваниот мој втор албум ,,Девојчето со долгата коса”, кој тотално ме опишува во суштината на мојата личност. Видео записот ,,Едно моме”, мизичко- танцовиот перфирманс во моја режија ,,Иновација”, модната ревија на Анастасија ,,Бесконечност”, музичкиот концерт во кој имавме и инклузија на лица со попреченост ,,После дождот доаѓа сонце”. Многу плодна година за нашиот Центар ,,Анастасија” во Битола. Доста богата беше листата на патувања оваа година, но најмногу сум инспирирана од убавините на Шведска и Шпанија. Сите промени кои се случуваат се трудам некако да ги надминам и останувам фокусирана кон креацијата во музиката, во моето музичко студио Welcome to Stefanija’s Music World.
Музика24: Се приближува популарната новогодишна еуфорија кога секојдневно се случуваат забави, афтер парти, шопингувања… Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите. Дали и Вас ви се случува во овој период од годината да бидете еуфорични, односно, како делува целата новогодишна еуфорија на Вас и Вашето секојдневие?
Стефанија Милевска Враниќ: Ја сакам предновогодишната еуфорија затоа што има позитивна вибрација, а исто така го навестува и мојот роденден. Сакам кога даваме внимание на блиските и на себе си. Но сметам дека тоа треба да ни трае почесто и преку целата година.

Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбирате што да подарите, односно, според што се водите кога бирате новогодишен подарок?
Стефанија Милевска Враниќ: Не сум фан на материјални подароци без намена, практична сум и доколку подарувам сакам тоа да има смисла, примена и симболика.
Музика24: Денес е вистинска реткост некој да праша дали сте среќна личност? Дали практикувате да се интересирате за блиските луѓе што ги прави среќни и колку се трудите да стимулирате убаво расположение?
Стефанија Милевска Враниќ: Ох, тоа можеби е мојата животна мисија, да ги правам другите среќни, да помагам и да ширам позитивна мисла. Затоа што сметам дека таа позитива ни дава верба да продолжиме понатаму, да имаме мир во себе, да направиме хармонична средина и да имаме доволно сила да се бориме со предизвиците кои ни ги носи животот. Благодарна сум што и самата можам да кажам дека сум среќна! Што имам такви личности околу себе, за кои сé би дала да сé среќни.

Музика24: Сите ние правиме грешки и никој не е безгрешен. Што е она што во 2023-та да имате можност би го смениле, или би посакале воопшто да не се случило?
Стефанија Милевска Враниќ: Незнам дали е грешка што сé давам безрезервно. Многу повреди лични ми доаѓаат токму од личности на кои сум им дала дел од моето срце. Па можеби треба малку да бидам, ете да кажам повнимателна, но сепак неможам против себе, едноставно таква сум, преотворена.
Музика24: Која песна или рефрен деновиве го потпевнувате, односно, дали денот го започнувате со песна и музика?
Стефанија Милевска Враниќ: “Blue skies” – Ella Fitzgerald, ми е песна за добро утро. Да имам утринска рутина, кога станувам си правам вежби за раздвижување, вежби за дишење и за распевање. Тогаш не може да не сé чувствуваш среќно, исполнето и живо.
Музика24: Дали се уште верувате во легендата за Дедо Мраз и дали за него имате годинава некоја порака?
Стефанија Милевска Враниќ: Хехехе… легендата за Дедо Мраз нé натера да мислиме дека некој друг ќе ни ги заврши работите. Реална сум и како дете се сомневав во неговото постоење хехехе (се смее).
Музика24: Веќе сме на прагот на една нова, се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се Вашите пред се професионални планови и замисли и што би сакале да се случи ново на приватно поле во Новата 2024-та година?
Стефанија Милевска Враниќ: Одамна престанав да планирам за иднината. Сé надевам дека ќе имам прилика што повеќе да разменувам енергија со публиката преку настапи и концерти. На приватен план, мечтаам за нашиот дом со Владимир. Благодарна сум со сé што се случува, затоа што сé случува со причина.

Музика24: Наскоро не очекува дочекот на Новата 2024-та година, па каде планирате да ја дочекате и со кого?
Стефанија Милевска Враниќ: Тој период околу Нова година сакам да мирувам, да се одморам, да бидам со најблиските, да анализирам што се поминало, за да направам заклучок како да се подобрам себе си. Сеуште не знам дали ќе бидам во Македонија или во Црна гора, каде што моментално е мојот сопруг, кој е професионален кошаркар.
Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се вашите желби за Новата 2024 година?
Стефанија Милевска Враниќ: Многу музика и настапи, топол дом и хармонија на личен план. Но имам огромна желба се повеќе да се подигнува свеста кај луѓето, да почнат да ја слушаат својата душа, јасно да го искажуваат својот став, да го прават тоа што навистина го сакаат, да се тргне стравот и илузијата која моментално владее не само кај нас, а и на глобално ниво. Едноставно посакувам повеќе да сме поврзани со природата, со здравата и жива храна, затоа што лекот и за нашите мисли е токму во неа. Да се грижиме за телото кое е храм на нашата душа, со активност и движење. Да гледам среќни лица во Македонија, кои се горди на себе, на својот корен и да го активираме кодот кој го носиме…![]()

Музика24: Со новогодишната порака би го завршиле овој забавен раговор, па ајде да чуеме на кој начин Вие ќе им ја честитате Новата година на вашите фанови, обожаватели, сите оние кои што ве почитуваат и сакаат и секако на читателите на единствениот музички портал во Македонија, Музика24?
Стефанија Милевска Враниќ: Да го негуваат детето во себе, кое е љубопитно, постојано твори, создава и се радува. Да го одбереме патот на вистината, затоа што доволно е сето време што ни помина во илузија. Музиката може да допре до секого, па затоа да внимаваме каква музика конзумираме. Јас како музички артист предновгодишно го подарив мојот втор музички албум ,,Девојчето со долгата коса”, за сите македонски слушатели. Музика 24 не престанувајте со поддршка за македонските артисти, затоа што сте многу потребни! Среќни празници, мир во сите! Ве сакам!![]()
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
