Зоран Илиев е ексклузивецот на М2, кој на пошироката јавност ги освои симпатиите со песната “На пола пат”. Бидејќи е млад и многу талентиран уште и не стигнал на пола пат од неговата кариера, напротив, уште на самиот почеток доживеа голем успех. Тој е победникот на минатогодишниот “Макфест”, а воедно и четвртиот штипјанец на кој му успеа тоа. Последното нешто од него е тоа што испеја песна за на далеку познатата и вкусна штипска пастрмајлија.
Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува Нова година?
Зоран Илиев: Се чувствува таа новогодишна атмосфера… кога бев помал оставав празни чорапчиња, поклони добивав многу нормално, како и сите деца од нашите најблиски… мислам дека сите луѓе на светот потајно си размислуваат и фантазираат… некој фантазии ни се остваруваат, а некој не… ја чувствувам таа новогодишна празнична атмосфера, со надеж дека следната година ќе ни биде подобра и поуспешна од изминатата.
Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?
Зоран Илиев: Сакам да подарувам поклони, секако на моите најблиски… добивам поклони од моите најблиски, а за мене стандардно си купувам некое ново парче облека.
Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?
Зоран Илиев: Како што кажав и пред малку, се чувствува новогодишната атмосфера, пречекот на Новата година преставува испраќање на старата и дочек на новата, со нови неостварени желби и со надеж дека ќе ни се остварат.
Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш Новата 2013-та година?
Зоран Илиев: Ќе ја дочекам со моите најблиски пријатели и другари, местото сеуште не сме го одредиле, но каде и да биде ќе биде премногу добро, мислам дека е поважно друштвото од местото!
Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме дека е песна на годината?
Зоран Илиев: Имаше доста музички настани како Макфест, Скопски… има доста добри песни во нашава земја, па едноставно не можам да издвојам една.
Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакал да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?
Зоран Илиев: Пред се, сакам да имам здравје, мислам дека тоа е најбитно од се, на професионално поле имам секако неостварени желби, се надевам дека следната година ќе го издадам мојот деби албум.
Музика24: Што би им посакал во Новата 2013-та година на нашите Музика24 интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?
Зоран Илиев: На сите им посакувам да бидат среќни, весели, да имаат многу здравје и успех на секое поле, ви посакувам и на вас од Музика24 да имате успешна година да напредувате повеќе во се… на моите фанови им посакувам да имаат многу здравје и среќа, да слушаат добра музика, нормално да ме пратат во мојата кариера, за недела-две ќе излезе мојата најнова песна, преубава балада, и се надевам дека на сите ќе и се допадне.
Интервјуто го подготви: Сања Неткова

