Културо

Балканско патување: Гудачки квартет на Пламенка Трајковска во Софија

Во рамките на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска ќе одржи концерт на 27-ми март, со почеток во 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.

На сцената ќе настапат врвни македонски инструменталисти:

  • Пламенка Трајковска – виолина;
  • Милена Гиевска-Андоновска – виолина;
  • Љубица Бошкоска – виола и
  • Александра Јаневска – виолончело.

Аранжманите за овој уникатен музички перформанс се дело на Пламенка Трајковска. Концертот се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а публиката ќе има можност да ужива во виртуозни изведби кои ги спојуваат богатите традиции на балканската музика со современата класична интерпретација.

Можеби ќе ве интересира: