Како што дознаваме од неофицијални извори во текот на вчерашниот ден во српската престолнина била уапсена пејачката Јелена Карлеуша, а како што се тие информации Карлеуша била уапсена поради проневера.
Имено, проневерата на Карлеуша чинела 3.5 милиони евра од страната на МТС. Понатаму како што наведува изворот Карлеуша била уапсена и поради омраза и насилство во јавниот простор.
Во текот на вчерашниот ден српската полиција упаднала во нејзиниот дом при што запленила голема сума на пари, „Ролекс“ рачен часовник како и клучевите од новиот автомобил на Карлеуша марка „Мерцедес“.
Инаку, судењето е најавено за денеска, а на Карлеуша и се заканува казна затвор во времетраење од 12 години.
Прилогот го подготви: Христијан Ангелески
