На сцената на Македонската опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт, во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“. Настанот ќе се одржи на 4-ти ноември со почеток во 20 часот.
Концертот ќе биде под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт мајстор е Јане Бакевски, Хор мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.
