World Music

Селин Дион ќе глуми во филмска романса

Светската музичка дива Селин Дион наскоро ќе го има своето актерско деби во долгометражен игран филм. Имено пејачка е дел од актерската екипа на романтичниот филм „Порака за тебе“. Се работи за преработка на познатиот германски филм „SMS Fur Dich“ на англиски јазик. Во актерската постава покрај Дион се поранешната мис на светот Пријанка Чопра, актерот Сем Хоган од серијата „Аутлендер“,

Според Entertainment Weekly, Пријанка ќе глуми разочарана вдовица која трагично го изгуби свршеникот и продолжува да му го пишува својот стар телефонски број за да се справи со нејзината тага. Сепак, телефонскиот број на нејзиниот покоен свршеник е прераспределен на ликот на Хјуган, кој исто така минува низ слична состојба. Благодарение на нивните слични околности – и влијанието и музиката на Селин Дион – двајцата се вљубуваат.

Во моментов, не е познато дали Дион ќе се игра себеси во филмот, но се чини дека нејзиното присуство е причината што двајцата протагонисти на крајот се заљубуваат и даваат уште една шанса на љубовта.

Филмот ќе го режира Џим Строус, а Лорин Канис е ангажирана на сценариото. Филмот ќе биде во продукција на Thunder Road’s а продуценти се Базил Иванук, Ерика Ли и Естер Хорнстеин. Германскиот оргинал е базиран на популарен роман на Софи Крамер и беше еден од филмовите со најголема заработка во тој регион во 2016 година.

Можеби ќе ве интересира: