Културо

Концерт „Звуците на градот“ в петок во Прилеп

„Звуците на градот“- вечер на староградска музика ќе се одржи на 25-ти јули 2025 (петок) со почеток во 20:30 часот на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Убава вечер на староградска музика во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи в петок вечер. На платото пред Цепенков со почеток од 20.30 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес.

Ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД „Пензионер“.

Ова ќе  биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: