Културо

Пoетски перформанс „Љубење со стихови“ по петти пат во Прилеп (Фото)

На 14-ти февруари, од 19.30 часот во кафе-галерија Лувр, ќе се одржи петтиот по ред поетски перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.

Станува збор за настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.

Фотографија од минатогодишниот поетски перформанс „Љубење со стихови“

Овојпат, освен стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на љубовта како Калил Џибран и Жак Превер, љубона поезија на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како и  поезијата на прилепските автори Сузана Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.

„Покрај тоа, ќе ви прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и делата на нашите омилени поети.  Во име на виното и љубовта, се гледаме на 14.2.2025, во Лувр“, велат организаторите.

Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: