Синоќа вечерта на староградска музика „Звуците на градот“, а која е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп и која се одржа во големата сала од културната институција приреди уживање за сите љубители на староградската музика. Вечерта започна од 19 часот, а истата беше поделена во два музички блока.

На оваа препознатлива староградска вечер за Прилеп со избор на староградски музички репертоар се претставија: Пејачката група „Орхидеја“ – Прилеп, КУД „Преродба 24“ Прилеп, КУД „Пензионер“ Прилеп, Октетот „Прилеп“, КУД „Пере Тошев“ и музичките гости од Крушево, а тоа се КУД „Пензионер“ Крушево.

На оваа вечер на староградска музика „Звуците на градот“ во Прилеп покрај добропознати староградски рефрени во кои се опишува Прилеп, учесниците приредија музички репертоар и од други големи староградски рефрени како што се „Стариот фенер“, „Што ми е мило ем драго на Струга дуќан да имам“, „Цветините очи черешови“, „Нели те реков не оди боса“ како и традиционална староградска песна на влашки јазик која беше во изведба на КУД „Пензионер“ од Крушево.

Имено, сите љубители на староградската музика имаа навистина едно убаво и пријатно доживување и убава вечер со убава староградска музика која беше изведена токму на оваа вечер на страоградска музика.

„Звуците на градот“ е традиционална и препознатлива вечер на староградска музика која повеќе години наназад е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Оваа вечер е дел од летната програма за работа на прилепскиот Центар за култура.

Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
