Културо

Премиерно монодрамата “Песни за татковината” на сцената на Велешкиот театар

На Малата сцена на Народниот театар “Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес на 5-ти април актерот Петар Темелковски премиерно ќе ја изведе монодрамата “Песни за татковината”. Како што појаснуваат од Велешкиот театар, станува збор за авторски проект на актерот Темелковски по повод 75-годишнината од смртта на македонскиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров. Монодрамата “Песни за татковината” е дел од Годишната програма на театарот за 2017-та година, а поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: