Во Музејот на македонската борба во Скопје, вечер ќе се одржи меѓународна ревија на народни носии. На настанот, организиран во партнерство со Ансамбл Македонија, ќе бидат претставени македонски, црногорски и хрватски народни носии од различни региони.
Специјални гости на ревијата ќе бидат претставници на Работилницата за заштита и изнајмување народни носии од Загреб. Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура во рамки на Годишната програма.
