Магазин

Солзи во баражот: Овие четорица испаднаа, а еве и кој слави поминување во втор круг од „Ѕведите на Гранд“

После спектакуларните 20 настапи во втората емисија од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“  дојде и моментот кога натпреварувачите требаше да ја искористат последната шанса за опстанок во ова најпопуларно музичко натпреварување.

Приликата уште еднаш да запеат на сцената во Гранд  и себе си да си обезбедат премин во нареден т.е втор круг од баражот добија: Лејла Зукиќ, Стефан Дејановиќ, Тијана Јашаревиќ, Тијана Шалипур, Седина Халиловиќ, Јован Тројиќ, Теодора Топузовиќ, Ана Босиќ, Александар Попов, Немајна Правдиќ и Владимир Јовичиќ.

Воја Недељковиќ соопшти дека одлуката на продукцискиот тим од баражот во вториот круг од натпреварувањето поминуваат седум од кандидатите, а додека четворица кандидати ќе го напуштат т.е завршат натпреварувањето.

Во втор круг од натпреварувачкиот бараж поминаа: Александар Попов, Седина Халиловиќ, Тијана Јашаревиќ, Зорана Шалипур, Лејла Зукиќ, Јован Тројиќ и Владимир Јовичиќ.

Воја Недељковиќ за време на баражот констатираше дека има солзи радосници: „Имаме и солзи радосници“-рече Недељковиќ за време на баражот кога соопштуваше кои кандидати го продолжуваат натпреварувањето во втор круг.

Инаку, за потсетување со директен пласман во втор круг од „Ѕвездите на Гранд“ се здобија: Јована Илиќ, Петар Вељановски, Андрија Јекниќ, Павле Јанковиќ, Нада Иванчиќ, Милица Ризо Трајков, Јована Рачковиќ, Далија Токовиќ и Драган Качавенда.

Следната емисија од „Ѕведите на Гарнд“ ќе се емитува следаната сабота на 4 октомври 2026 година на тв програмите ширум балканот, а во Македонија истата е со почеток во 21:15 часот на телевизија Сител.

Фото: Grand Online

Прилогот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: