Во прв ред

По осум години Лепа Брена повторно во Скопје – закажан голем предновогодишен спектакл (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, легендарната Лепа Брена, повторно ќе настапи пред македонската публика. По пауза од осум години, популарната пејачка се враќа во Скопје со голем предновогодишен концерт кој веќе предизвикува огромен интерес кај нејзините обожаватели.

Концертот е закажан за 18 декември 2026 година (петок) во спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот.

Публиката ја очекува вечер исполнета со врвна продукција, многу емоции, спектакуларна сценографија и најголемите хитови кои повеќе од четири децении ја прават Лепа Брена една од најуспешните и најомилените пејачки на овие простори. На концертот ќе се слушнат безвременските „Југословенка“, „Хајде да се волимо“, „Чачак, Чачак“, „Миле воли диско“, „Болиш и не пролазиш“, „Ја немам други дом“, „Луда за тобом“, „Ти си мој грех“, „Голубе“, како и уште многу песни кои оставија неизбришлива трага во музичката историја на Балканот.

Лепа Брена е уметник кој со својата харизма, енергија и неверојатна комуникација со публиката успева секој концерт да го претвори во вистински музички спектакл. Нејзините настапи не се само концерти – тие се вечери исполнети со носталгија, радост, емоции и песни што ги знаат и пеат сите генерации. Нејзиното враќање во Скопје по осум години без сомнение ќе биде еден од најголемите музички настани пред крајот на 2026 година, а интересот за концертот се очекува да биде огромен.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс. На 18 декември, Скопје повторно ќе пее со Лепа Брена. Една вечер. Една сцена. Безвременски хитови. Спектакл кој не се пропушта.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: