Македонскиот поп пејач Игор Митровиќ, освен на македонската музичка сцена, сака да се обиде и да направи и светска музичка кариера, а зошто и да не? Тој заедно со својот продуцент Александар Масевски подготвија нова песна со која што сакаат да се претстават надвор од нашите простори.
“The summer’s not over” е насловот на песната кое комплетно дело на продуцентот Масевски, а освен оваа новина, ново е и тоа што младиот поп пејач има и ново уметничко име, сега за сега неменето за странскиот пазар. Наместо Игор Митровиќ, нашиот поп пејач сите ќе го знаат како Donnie Pixel. Тој за порталот Телеграф, за целата оваа новина изјавува:
“Песната е наменета за западниот пазар и токму поради тоа се одлучивме со Масе да имаме уметничко име. За тука, сепак ќе си останам онака како што се викам”, изјави Митровиќ.
Во продолжение, Ви предлагаме да ја преслушате новата песна од Игор Митровиќ, односно, од Donnie Pixel…
Подготви: Елена Ивановска
