World Music

Елтон Џон ќе прави свадба со својот долгогодишен партнер

Британскиот музичар Елтон Џон најави дека ќе прави свадба со долгогодишниот партнер Дејвид Фурниш откако Велика Британија ги легализираше истополовите бракови во саботата. Џон за емисијата “Today” на американската телевизиска мрежа NBS, рекол дека свадбата ќе се одржи без многу врева, најверојатно во мај оваа година.

Двојката има две деца, а во 2005 година склопи граѓанско партнерство. Законот за легализација на истополови бракови во Англија и Велс стапи на сила во сабота, а истополовите граѓански партнерства се легални во Велика Британија од 2005 година.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: