И не би биле музички портал ако се она што е најново на музичката сцена не го промовираме и преставиме Вам, нашите редовни и верни читатели. Во текот на денешниот ден на официјалниот YouTube канал на една од познатите македонски музички имиња Ивона Јовановиќ (Ивона Јо) беше промовиран нејзиниот најнов видео спот за најновата „Тие очи“.
Како што дознава музичкиот портал Музика24, видеоспотот е снимен во Охрид на неколку локации, а истиот е во реализација на Мартин Трајановски.
За песната пак да звучи онака како што звучи, се погрижија Тамара Волчевска која воедно го напиша текстот, музиката е на Zox, Димитар, Јордан Манов додека пак истата е снимена во Devil’s Eye Studio.
„Тие очи ми го осветлија патот. Тие очи ме милуваа секогаш кога немав ништо за себе. Тие очи ме направија сакана. Тие очи ме сакаа. Пронајди ги и милувај ги “твоите очи”. Уживајте во ова парче душа“, напиша Ивона Јо постирајќи ја својата најнова песна и видеоспот.
За кои очи всушност пее Ивона, слушнете и погледнете го видеоспотот во продолжение:
