World Music

Илјадници фанови на концерт на Тејлор Свифт без билет

Последниот концерт на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт во Германија го следеа речиси 73 илјади фанови – на Олимпискиот стадион во Минхен. Но, во него уживаа и илјадници фанови кои немаа билет.

На прикажаната фотографија превземена од DW, се гледаат дел од илјадниците фанови кои во музиката уживаа позиционирани на Олимпиското ритче во близина на стадионот. Според проценките, на ритчето и на околните ливади имало уште околу 40 илјади луѓе. Полицијата соопшти дека сѐ поминало во најдобар можен ред.

Можеби ќе ве интересира: